• Зоран Мишевски
Голманот на македонската репрезентација Никола Митревски со уште една одлична партија им донесе голема победа на своите соиграчи од Доброгеа Суд од Констанца, откако во финишот се разбрани и со серија на интервенции ги одби нападите на Стеауа.
Дерби дуелот од 13. коло на романскиот шампионат им припадна на ракометарите на Доброгеа Суд, кои славеа со 24-19 (15-9) против второпласираната Стеуаа. Во моментите кога се кршеше резултатот во последните неколку минути, македонскиот голман одбрани пет клучни топки, вклучувајќи го и зицерот при 21-19.
Екипата која ја води Исаковиќ, каде настапува и Ракчевиќ, а спортски директор е Бранислав Ангеловски со оваа победа скокна до четвртото место со четири бода помалку од лидерот Турда.