Митревски се прости од Кинтана: „Ти благодарам за сè! Засекогаш Алфредо...“ (ФОТО)

Митревски

Никола Митревски ја имаше честа да ја дели соблекувалната со сега покојниот голман Алфредо Кинтана. 

Македонскиот репрезентативен голман сподели емотивна порака кон својот соиграч, кој почина на 32-годишна возраст, по срцев удар по кој заврши во вештачка кома.

„Почивај во мир, ти благодарам за сè! Засекогаш Кинтана...“.

Ракометниот свет денес беше шокиран од веста која ја сподели екипата на Порто за смртта на својот чувар на мрежата...