Митревски се моли за Кинтана: Извeди ја најважната одбрана во твојот живот!

Ракометниот свет е во исчекување на здравствената состојба на Алфредо Кинтана, голманот на Порто, кој на тренингот во понеделникот доживеа срцев удар и веднаш беше пренесен во болница. 

Бројни ракометни клубови и ракометари испраќаат поддршка до искусниот португалски репрезентативец, а меѓу нив е и неговиот соиграч, Никола Митревски. Македонскиот голман на социјалните мрежи напиша емотивна порака до својот клупски колега, со надеж дека наскоро неговата здравствената состојба ќе се стабилизира.

„ Извeди ја најважната одбрана во твојот живот!“, напиша Митревски.

Инаку, 32-годишниот голман е во вештачка кома и како што пишуваат португалските медиуми, докторите се борат за неговиот живот.