Митревски: Растеретени сме, но треба да одиграме моќно заради самите себе, клубот, навивачите

По авионски лет преку Солун и Истанбул, делегацијата на Еурофарм Работник попладнево пристигна во Лисабон, каде вечерва првпат тренираше пред четвртото претпоследно гостување во групата Ц на Лигата на шампионите.

По поразите од Савехоф, Бидасоа Ирун и Татран Прешов, вицешампионот на Португалија, Спортинг е шанса за први гостински бодови за екипата на Стевче Алушовски. Битолчани нормално работеа на последната тренинг сесија, а денес и утре изутрина повторно ќе го анализираат ривалот, против кој минимално загубија во првото коло во Битола.

„Главни конкуренти на Бенфика, за која настапував, во сите спортови се Порто и Спортинг. Нема некој посебен мотив тоа што настапував за Бенфика. Како и на секој друг натпревар влегувам максимално ангажирано и мотивирано. Знаеме дека сме десеткувани, имаме доста повредени ракометари, но сигурен сум дека ќе го дадеме максимумот. 

Досега не сме биле во ситуација во која сме играле растеретено. Секогаш сме имале шанси за што подобар пласман во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Не би требало да има влијание тоа што немаме притисок да победиме заради пласман или минување на групата. Треба да одиграме максимално ангажирано заради самите себе, заради клубот и оние кои ја поддржуваат оваа екипа на секој натпревар“, смета голманот Никола Митревски. 

Еурофарм Работник утре попладне од 19:30 часот ќе излезе на мегдан без Кукоски, Маркоски, Вегар и Стјепановиќ, сите отсутни заради повреди. 

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 7 5 2 0 214:171 43 12
2 СавехофСавехоф 7 5 0 2 187:190 -3 10
3 СпортингСпортинг 7 4 1 2 213:192 21 9
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 7 2 1 4 179:193 -14 5
5 КоксКокс 1 7 2 0 5 179:211 -32 4
6 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 7 1 0 6 187:202 -15 2