Митревски против ПСЖ, Магдебург и Веспрем, реприза на финалето уште во групите на ЛШ

Овој петок во Виена се одржа ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите, во која за првпат по подолго време нема да има претставик од Македонија. Откако Вардар 1961 беше исфрлен од натпреварувањето, единствен што ќе ја брани честа на земјава е Николче Митревски со својот Порто.

Неодамна заврши турнирот во Келн на кој славеше Барселона. И оваа сезона ќе има 16 учесници, кои се поделени во две групи од по осум екипи. Митревски и Порто се погодија во групата А, пак ќе играат со ПСЖ, а ќе се судрат и со Магдебург, Веспрем, ГОГ Гудме, Висла Плок и ППД Загреб.

ГРУПА А: ПСЖ, Магдебург, ГОГ Гудме, Порто, Динамо Букурешт, Веспрем, Висла Плок, ППД Загреб

ГРУПА Б: ПИК Сегед, Барселона, Целје Пивоварна Лашко, Киелце, Кил, Нант, Елверум, Алборг

Натпреварите од групите во сезоната 2022/23 ќе започнат на 15/16 септември. Сите кола ќе се играат во среда и четврток, како што беше случајот и ланската сезона.

Првопласираните шест екипи во секоја група ќе се квалификуваат за нокаут фазата, а победниците од групите и второпласираните тимови директно влегуваат во четврт-финалето. Тимовите кои ќе се пласираат на третото до шестото место ќе играат во плеј-офот.