ВИДЕО: Митревски петти, зицерот на Миклер во Скопје најдобар ова коло во ЛШ

По комплетирањето на осмото коло во ракометната Лига на шампиони, во кое Вардар 1961 дома загуби од ПИК Сегед (27-30), ЕХФ ги одреди најдобрите моменти. 

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски пак се најде во изборот на најдобри одбрани. Чуварот на мрежата на Порто одбрани удар од крило против ПСЖ, по ударот на Метју Гребиј и така се најде меѓу најатрактивните интервенции. На врвот на оваа листа заврши Роланд Миклер, кој блескаше во Скопје. Неговиот чисто одбранет зицер по контра на Дибиров и шутот на Валчак беше атрактивен и доби признание. 

  • Најдобрите пет одбрани во осмото коло на Лигата на шампионите: 

Во изборот на најдобар гол не се најде ниту еден вардарец. На листата место пронајдоа Слишковиќ, Дујшебаев, Јакобсен, Лене и Фабрегас. 

  • Најдобрите пет гола во осмото кло на Лигата на шампионите:

Натпреварите од Лигата на шампионите се враќаат на програмата следната седмица, а Вардар гостува кај Кил