Митревски пак фантастичен, Доброгеа Суд ја „среди“ Куенка и среде Шпанија

Во период од седум дена екипата на Доброгеа Суд извојува уште една значајна победа над шпанска Либербанк Куенка (26-28) и ги сочува шансите за пласман во елиминационата фаза на ЕХФ Купот. 

Ако во Романија избраниците на Звонко Шундовски запишаа убедлива победа од осум гола разлика, денес наидоа на поквалитетна Куенка, но на голот повторно блескаше нашиот репрезентативец Никола Митревски, кој со 11 успешни интервенции беше еден од најзаслужните за новите бодови на Доброгеа Суд. 

На полувреме се замина со предност на гостите од еден гол (13-14), а и покрај налетот на Куенка на стартот на вториот дел, романската екипа не дозволи домашна радост и по одличен финиш за краток период анулира негатива од два гола и стигна до заслужена победа. 

Малиновиќ со пет гола беше најпрецизен во редовите на романскиот тим, а како и секогаш одличен беше Велко Маркоски во одбраната, кој денес зад своето име запиша и еден гол. По четири одиграни кола Доброгеа Суд се искачи на втората позиција на табелата со две победи и два порази, пред лидерот Порто кој е перфектен со четири победи

ЕХФ Куп, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПортоПорто 6 6 0 0 196:168 28 12
2 ХолстеброХолстебро 6 3 0 3 175:160 15 6
3 Доброгеа СудДоброгеа Суд 6 2 0 4 165:174 -9 4
4 Сиудад ЕнкантадаСиудад Енкантада 6 1 0 5 152:186 -34 2