Митревски: Одбраната скоро секогаш ги добива ваквите натпревари

Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во иста ситуација како минатиот јануари во Минхен. Тогаш не успеавме да го победиме Исланд за пласман во главната групна фаза, а сега мораме да триумфираме против Австрија.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Пред шест години Борко ги маѓепса Австријците и ни ја донесе следната фаза

Голманот Никола Митревски на денешната средба со новинарите го најави дуелот со домаќините. 

„Ова е мало финале за нас - да се биде или не. Подготвени сме да одиграме најдобро што знаеме, а за ривал имаме  репрезентација која квалитативно не е подобра од нас. Со победа би го анулираме поразот од Чешка.

Одбраната скоро секогаш ги добива ваквите натпревари. Божовиќ и Билик сигурно дека ќе шутнат 30-тина пати, но според мене клучно ќе биде да не се разиграт крилата и пивотменот како против Украина“, смета битолчанецот.

<<< ПОВРЗАНО - Стоилов: Освен што се домаќини, Австријците со ништо друго не ме плашат

На првите два натпревари тандемот Билик-Божовиќ ги „мелеше“ противниците и двајцата се меѓу најзабекежителните во досегашниот тек на шампионатот.