Митревски: Нема лесна групна на ова ЕП, ќе биде неизвесно на секој натпревар

Првата ракометна „единица“, Никола Митревски вели дека групата во која ќе се натпреваруваме на следното Европско првенство е тешка, но напоменува дека на овој собир нема слаби селекции, што значи дека нема ни лесни групи.

Ракометната селекција на Македонија на собирот во Унгарија и Словачка ќе се судри со светскиот и олимписки шампион Данска, противник против кого игравме и во квалификациите за ова ЕП, како и против селекциите на Словенија и Црна Гора.

„Тешка група, со познати противници. Но, сите групи на ова Европско првенство се тешки, сите селекции се квалитетни. Ќе биде неизвесно на секој натпревар, ќе се обидеме да сме добро подготвени и ќе го даваме макимумот до последна минута. Ќе одиме од натпревар во натпревар, па ќе видиме што ќе се случи“, за Gol.mk изјави Митревски.

Европското првенство на програмата е од 13 до 30 јануари, а Македонија првата групна фаза ќе ја игра во Дебрецен.