• Горан Упале

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 на доминантен начин го освоија меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. По двете победи во групната фаза, повратникот во Суперлигат без поголеми потешкотии славеше во вечерашното финале над Прилеп (26-32) и со трофеј ќе се врати во Битола.
По завршувањето на финалната средба беа доделени и индивидуалните награди. За најдобар голман беше прогласен Мартин Јовановски од Еурофарм Пелистер 2, додека нај-стрелец на турнирот беше домашниот ракометар Димитар Димитриески. Признанието за најкорисен ракометар, МВП, му пропадна на бекот на битолскиот клуб, Христијан Митревски.
Третото место на турнирот во Прилеп го освои тимот на Пролет, кој по пеналите славеше над суперлигашкиот ривал Тиквеш, додека петтото место му припадна на Бутел со победата над Црвена Звезда.

