Митревски: Кога дојде понудата од Порто не размислував многу, среќен сум што...

По само една сезона мината во редовите на Еурофарм Пелистер, македонскиот репрезентативец голман Никола Митревски се реши да ѝ се врати на интернационалната кариера и повторно ќе настапува во португалскиот шампионат. 

<<< ПОВРЗАНО - ОФИЦИЈАЛНО: Никола Митревски нов член на португалскиот шампион Порто

Искусниот чувар на мрежата на својата адреса доби повеќе понуди, но како што вели, кога пристигна таа од Порто не размислувал многу и веднаш ја прифатил.

„Пред две сезони имав можност да играм против Порто во ЕХФ Купот и знам што значи овој клуб во португалскиот ракомет. Среќен сум на овој трансфер. Кога дојде понудата од Порто не размислував многу, туку веднаш ја прифатив“, вели македонскиот голман. 

Митревски се обврза на двегодишен договор со Порто и ќе игра во Лигата на шампионите со „змејовите“.