• Горан Упале
Македонскиот репрзентативен чувар на мрежата, Никола Митревски, во вистински момент блесна меѓу стативите на Порто и беше најзаслужен за победата над словенечкиот шампион Целје Пивоварна Лашко.
Митревски забележа четиринаесет успешни интервенции, од кои една беше супер-атрактивна и ЕХФ веднаш ја издвои. Гостите сакаа со цепелин да го измамат, но нашиот голман не наседна на таа финта и го одбрани клучниот удар.
Најдобрите пет одбрани на колото во Лигата на шампионите може да ги видите на ОВОЈ линк.
Токму оваа одбрана се најде на второто место во изборот на најатрактивните на колото во Лигата на шампионите.