Митревски: Имаме добра група, но ако однапред впишуваме победи – лошо ќе минеме!

Меѓу македонските ракометари и во кулоарите владее умерен оптимизам по ждрепката за квалифициите за Европското првенство, која ни ги донесе Данска, Швајцарија и Финска како ривали. Двете најдобропласирани репрезентации со сигурност ќе играат на континенталниот собир во 2022 година, а и некои третопласирани ќе се најдат меѓу 24-те учесници.

Репрезентативниот голман е претпазлив, иако смета дека ждрепката не е лоша.

„Добивме добра група, го имаме светскиот шампион, кој што е главен фаворит за првото место во групата. Потоа, тука е репрезентацијата на Швајцарија, која е доста квалитетна и незгодна, главните играчи им играат во Бундеслигата и репрезентацијата на Финска како аутсајдер. Имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство, но никако не смееме однапред да си ги запишуваме победите, бидејќи секогаш кога сме го правеле тоа, сме имале проблеми“, ни рече Митревски.

Комплетното интервју на репрезентативниот голман за Gol.mk, можете да го прочитате во следните неколку дена.