Митревски и Тодоровски пак делегирани во ЛШ, ќе судат во Лисабон

Македонската судиска двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе дели правда во рамките на осмото коло на Лигата на шампионите. 

Европската ракометна федерација им го додели мечот во Лисабон меѓу домаќинот Спортинг и ПСЖ на битолските судии. Митревски и Тодоровски добија чест да бидат дел од европската елита, па ќе ја делат правдата на средбата во Португалија. 

Средбата меѓу Спортинг и ПСЖ ќе се одигра на 20 ноември во терминот од 20:45 часот.

Битолчаните се делегирани за овој натпревар од групата А во која се натпреварува и македонскиот првак Еурофарм Пелистер.