Митревски и Тодоровски ќе го судат квалификационото дерби меѓу Србија и Франција

Напоредно со активностите на македонската репрезентација која на трети јануари ќе се собере во Скопје, првите активности во новата година ќе ги имаат и македонските судии. Интернационалниот судиски пар од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се делегирани за еден од највозбудливите натпревар од евро-квалификации.

Имено, Европската ракометна федерација им ја укажа довербата на нашите судии за дуелот во Зрењанин меѓу Србија и Франција. Натпреварот се игра на петти јануари, а делегат на ЕХФ ќе биде Јован Попадиќ од Србија.

Неколку дена подоцна овие две селекции ќе играат меѓусебе и на француско тло. Овие натпревари требаше да се одиграат во ноември, но заради корона-кризата беа одложени за првиот слободен термин.