Митревски и Тодоровски ќе го судат дербито од четвртфиналето на ЕЛ

Македонските судии ќе бидат активни следната недела на првите четвртфинални натпревари од евро-куповите. Битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се делегирани за првиот четвртфинален натпревар од Европската лига меѓу Чеховски Медведи и Рајн Некар Левен. Натпреарот ќе се одигра во Москва следниот вторник во 18:45 часот.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе им судат на Сара Ристовска и ЦСКА Москва на возвратниот дуел од четвртфиналето против романскиот ЦСМ Букурешт.

Натпреварот се игра в сабота со почеток во 16:00 часот, а романскиот тим има пет голови предност од првиот натпревар.