• Иван Димовски
Ракометната Лига на шампиони од следната седмица влегува во нокаут фазата, бидејќи ќе се играат осминафиналните натпревари.
За еден од овие натпревари е делегиран и македонскиот судиски пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Битолчаните се одбрани од ЕХФ за реванш осминафиналниот меч меѓу Нант и Висла Плок кој ќе се одигра во „Х Арената“.
Датумот на одигрување е 2 април (среда), откако претходно на 27 март двете екипи ќе се судрат во полскиот град Плок.
Сезонава дуото Митревски-Тодоровски доби доста задачи во групната фаза на Лигата на шампионите.