Митревски и Порто немоќни кај Монпелје

Екипата на Порто ги заврши настапите во Лигата на шампионите со пораз од Монпелје (35-27) во рамки на осминафиналниот реванш-натпревар во елитата.

По ремито во Порто апетитите кај „змејовите“ на гостувањето во Франција беа високи. Меѓутоа, немаа шанси да се надигруваат со противникот. Главната разлика вредна триумф Монпелје ја направи кога од 9-7 постигна пет погодока во серија, поведе со 14-7 и цело време „плусот“ беше сигурен.

Дескат со седум гола беше најдобар кај Монпелје, додека Вилмино постигна шест, додека кај Порто, Магаљаес беше реализатор на вкупно пет погодока. Никола Митревски доби мала минутажа и фати една топка од девет обида.

Монпелје во четвртфиналето во битка за Ф4 ќе игра против полски Киелце.