• Иван Димовски

Ракометарите на ГОГ Гудме победија во пресметката од десеттото коло во Лигата на шампионите против Порто (34-33). Средбата во Данска мина во целосно изедначен дух, екипите можеа да дојдат до победата, ама бодовите останаа за домашните.
Македонскиот репрезентативен голман Николче Митревски не успеа да го одведе својот тим до позитивен резултат. Чуварот на мрежата имаше скромен учинок со четири одбрани во Данска.
Околу текот на мечот, Порто водеше од стартот и диктираше темпо, меѓутоа пред полувремето дојде до пресврт и ГОГ замина на одмор со 15-13. Во продолжението работите се сменија, домашните го контролираа мечот и почесто водеа, а иако на крајот дојде до драма, ГОГ славеше.
Мортен Олсен со десет гола беше најдобар во ГОГ Гудме, додека кај Порто шест даде Фернандес.