• Зоран Мишевски
Никола Митревски на голот и Велко Маркоски во одбраната се најзаслужни за уште една победа на Доброгеа Суд во романскиот шампионат во ракомет. Репрезентативците одиграа на високо ниво и тимот од Констанца извојува победа на теренот на Сучеава со 23-31.
Митревски запиша 17 интервенции, а Велко Маркоски покрај одличната игра во одбрана, беше стрелец на еден гол.
ЦСМ Букурешт на Гоце Георгиевски го совлада Васлуи со 33-21, а Темишвар на Златко Даскалоски славеше над Калараш со 32-24. Победа извојува и Одорхеи, кој на теренот на Фочани славеше со 22-26.
Стеауа е лидер по 14 одиграни кола, со бод предност пред екипата на Турда.