• Иван Димовски
Ракометарите одново ја израдуваа македонската јавност и со убедлива победа во бараж двомечот со Словачка се пласираа на ново Светско првенство. Реваншот се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ пред одлично исполнети трибини, а славјето продолжи по натпреварот.
Дел од најмладите добија шанса да се запознаат со ракометарите по крајот на средбата, а имаше и една интересна ситуација. Младо девојче со исцртан натпис му бараше дрес на Никола Митревски. Таа имаше напишано дека го сака неговиот дрес од својата петта година, па желбата ѝ се исполни.
Се појавија неколку фотографии, а девојчето во лобито на хотелот по натпреварот доби дрес од својот херој Митревски.



