ВИДЕО: Митревски го има насекаде, со супер-одбрана не дозволи цепелин на Целје!

Никола Митревски во средата го имаше најдобриот овосезонски настап во Лигата на шампионите. Македонскиот чувар на мрежата блескаше меѓу стативите на Порто и беше најзаслужен за победата на неговиот тим над словенечкиот шампион Целје Пивоварна Лашко.

Митревски зад своето име забележа четирианесет успешни интервенции, од кои една беше супер-атрактивна и ЕХФ веднаш ја издвои. Гостите сакаа со цепелин да го измамат, но нашиот голман не наседна на таа финта и го одбрани клучниот удар.

„Ќе беше прекрасен гол, но Митревски имаше други планови“, беше коментарот на ЕХФ на видеото со одбраната на нашиот голман.