Митревски, Гедбан, Кугис - стартот на СЕХА во знакот на голманите на Вардар и Еурофарм! (ВИДЕО)

Со неколку возбудливи натпревари и едно големо изненадување, стартуваше новата сезона на СЕХА лигата. 

Нашите претставници Еурофарм Работник и Вардар имаа успешен почеток, славеа пред своите гледачи против Спартак Москва и Пекинг Спорт, но бранителот на титулата се сопна на првото гостување во Запорожје

Првите две кола на регионалното натпреварување минаа во знакот на голманите на нашите екипи, откако Митревски со десет интервенции блесна на голот против рускиот тим, додека вардарците Гедбан и Кугис имаа свои денови против Пекинг и Мотор. 

  • Голманите кои го одбележаа стартот на сезоната во СЕХА:

Во рамките од второто коло Еурофарм Работник пред својата публика ќе го пречека тимот на Металопластика.
 

Најнови вести од
СЕХА Лига