ВИДЕО: Митревски е „златно момче“, со маестрална одбрана спаси победа во Турција!

Ракометната репрезентација на Македонија забележа тешка победа во Турција (25-26), а јунак на натпреварот беше голманот Никола Митревски, кој во самиот финиш имаше одлична одбрана со која донесе полн плен на гостувањето.

Дуелот во Ескишехир беше драматичен и се одлучи во самиот финиш. Турција го имаше последниот напад, а откако доби шут од девет метри за шанса за реми, Митревски одлично го прочита ударот и спаси победа за нашиот национален тим.

  • Интервенцијата на Никола Митревски во Турција:

Македонија со овој триумф останува на првото место, а во последното коло на домашен терен ќе решава дали ќе оди на континенталниот собир како прва, во дуел со селекцијата на Грција.