ВИДЕО: Митревски е висока европска класа, пак има место во ТОП 5 одбрани!

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски е еден од најдобрите голмани во Европа сезонава. Тоа го докажува секоја недела преку настапите во Лигата на шампионите, па вистинска штета е што неговиот Порто за „влакно“ не се квалификува во четвртфиналето. 

Во изборот на најдобрите пет одбрани на голманите во возвратната програма од осминафиналето, Митревски се најде на второтото место. Подобра одбрана од битолчанецот има само Иван Пешиќ од Мешков Брест.

  • Најдобрите пет одбрани во осминафиналето на Лигата на шампионите: 

Митревски блеска и во домашното првенство, каде Порто е неприкосновен лидер, без ниту еден загубен натпревар.