Митревски е МВП на колото во ЛШ: „Се прашувате зошто? Видеото кажува сè“

Веќе два дена Никола Митревски е во центарот на вниманието кај европската ракометна јавност. Нашиот репрезентативец запиша неверојатна партија во дресот на Порто во Лигата на шампионите и со своите 15 одбрани беше најзаслужен за победата на португалскиот тим над ПИК Сегед. 

На тој натпревар одигран во Лисабон, Митревски беше избран за најкорисен играч, а потоа доби признание за најатрактивна одбрана и беше дел од идеалниот тим на колото. Но, тоа не е сè, затоа што денес ЕФХ го круниса со МВП на четвртото коло во ракометната елита.

„Никола Митревски е нашиот МВП на четвртото коло. Се прашувате зошто? Видеото кажува сè“, пишува во објавата на ЕХФ.

За својата фантастична партија Митревски доби пофални од сите страни, а со тоа го стави тренерот Андерсон на слатки маки при изборот на прв голман.