ВИДЕО: Митревски доби удар в лице, па објави слика и се пошегува со помодреното око

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски уште еднаш беше меѓу хероите на селекцијата, откако вчера против Чешка собра четиринаесет интервенции. Македонија славеше со 27-25 и дојде до место на осми Мундијал во одличната атмосфера. 

На овој натпревар Митревски уште еднаш ја покажа својата пожртвуваност, откако во 53. минута доби директен удар во глава од Војтех Пацел. Иако заработи модринки, голманот на Порто беше на клупата многу кратко, па се врати и бранеше до самиот крај. 

  • Моментот на ударот на Митревски во глава:

Сепак, Митревски беше тој што му кажа на судијата дека немало намера, па го спаси ривалот од исклучување. Сега, на социјалните мрежи голманот објави фотографија со помодреното око и постави интересно прашање. 

Митревски на својот Инстаграм напиша: „Од што е бојата околу окото?, а на тоа понуди три опции: шминка, Инстаграм филтер или топка в лице.