Митревски доби дански колега меѓу стативите во Порто

Данскиот голман, Себастиан Фрадсен од следната сезона ќе го брани голот на Порто и ќе соработува со македонскиот репрезентативец, Николче Митревски. 

26-годишникот доаѓа од редовите на Холстебро, а со Порто потпиша двегодишен договор до 2023 година. Фрадсен доаѓа во Порто по барање на првиот тренер, Магнус Андерсон кој го познава од своето време во Данска и натпреварите против Холстебро во ЕХФ Купот со Порто. 

  • Официјална промоција на Фрадсен: 

За Фрадсен ова ќе биде прв интернационален предизвик, откако во својата Данска бранеше за Есбјерг, Силкеборг и од 2018 година беше член на Холстебро. 

Митревски во Порто соработуваше со Кинтана, кој трагично почина по проблеми со срцето минатата сезона, а веќе од следната клубот обезбеди квалитетна замена.