Митревски: Бахреин гледа шанса против нас, но работите зависат само од нас (ВИДЕО)

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Вчера Борко блескаше против Јапонија и комплетно ја раздвижи одбраната, која постојано ја одржуваше будна, довикуваше, советуваше. Својата шанса ја чека и Николче Митревски, кој пренесе како националниот тим ја започна подготовката за натпреварот против Бахреин.

„За натпреварот против Јапонија се подготвувавме доста долго и доста квалитетно. Крајниот резултат сепак не е одлика на она што се случуваше. Имавме лоши моменти и доста грешки. Во наредниот период ќе се обидеме да ги поправиме за да бидеме подобри. Ова што го видовме против Шпанија не е мерило. Ниту Шпанците играа максимално, а и Бахреин играше растеретено. Селекциите на Јапонија и Бахраин гледаат шанса за бодови против нас, па мора добро се подготвуваме за овие два дуели. Се подготвуваме за нив како еден вид да се биде или не. Против Бахреин ќе влеземе максимално. Работите зависат од нас, ако одиграме добро и квалитетно сигурно ќе победиме“.

Погледнете го комплетниот разговор со Николче Митревски: 

Досега националниот тим ги победуваше Саудиска Арабија, Катар, Иран. Јужна Кореја и Јапонија и никогаш не загубила од азиски претставник. Утре против Бахреин серијата веруваме ќе продолжи.  

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0