Митревски го „маѓепса“ голот, Порто слави на дербито против Спортинг

Блескаше во Лигата на шампионите и во националната репрезентација, а сега македонскиот репрезентативен голман остави трага и во португалскиот шампионат. Порто ја забележа десеттата победа во исто толку натпревари во португалскиот шампионат, но оваа имаа посебна вредност, бидејќи „змејовите“ славеа на дербито против Спортинг Лисабон на гостински терен.

Тимот од Никола Митревски во вториот дел го скрши отпорот на Спортинг и извојува победа од 27-33 (14-14). Во 20. минута Митревски влезе во игра при три гола предност за Спортинг и го најави пресвртот. Битолчанецот запиша 14 интервенции за периодот од нешто повеќе од едно полувреме на теренот. Со оглед на 27-те упатени удари кон неговиот гол, Митревски имаше импресивни 51% успешност.

Порто е неприкосновен лидер во шампионатот, а в четврток во Лигата на шампионите гостува кај фаворитот во групата ПСЖ.

Ако може да се судии по првите два и пол месеци во новата средина, Митревски добро избра што потпиша за првакот на Португалија