Митков немилосрден кон бившиот клуб Кремс: Со ДЕСЕТ ГОЛА донесе победа за Брегенц

Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков цели шест години ги бранеше боите на тимот на Кремс, но тоа не му претставуваше проблем да го наполни нивниот гол и да биде најдобриот поединец на Брегенц во дерби натпреварот на австрискиот шампионат. 

Ветеранот, иако има 37 години сè уште игра во одлична форма, а тоа го докажа токму на мечот против бившиот свој клуб Кремс. Митков до врв ја наполни мрежата на противникот и со десет гола и четири асистенции беше прв стрелец на Брегенц во победата од 28-25.

Митков и Брегенц по пет одиграни кола во домашниот шампионат се наоѓаат на четвртата позиција со скор од две победи, две нерешени и само еден пораз.