Митков и Кремс поразени во финалето на Купот на Австрија

Македонскиот ракометен репрезентативец Влатко Митков и неговиот Кремс беа целосно надиграни во финалето на Купот на Австрија од Фиверс Маргаретен и загубија со 24-32.

Штипјанецот не постигна гол против убедливо најдобрата екипа во шампионатот на Австрија, која имаше далеку подобро попладне и лесно ја одбрани титулата во Купот.

Кремс и Митков во плеј-офот на австриската лига се фаворити против Унион Лебен во четвртфиналната серија на два добиени натпревари.