Митков и Костески постигнаа 15 гола, Холабрун непоразен на гостувањето кај Тирол

Македонските ракометари Влатко Митков и Никола Костески повторно блеснаа во дресот на Холабрун, кој сигурно чекори кон пласман во елитата на австрискиот ракомет.

Викендов, Холабрун ремизираше на гостувањето кај Тирол (28-28), а Македонците постигаа повеќе од половина голови за својот тим. Поискусниот Митков беше незадржлив за противничката одбрана и постигна десет погодоци, додека десното крило, кое што од следната сезона ќе настапува за Плзен, реализира пет пати.

Холабрун по пет одиграни кола котира високо на табелата со три победи и по еден пораз и реми. До крајот на шампионатот во втората по ранг лига во Австрија преостануваат уште пет кола.