ВИДЕО: Митков и Костески играат со врзани очи – атрактивен„ цепелин“ на Македонците во Австрија 

Никола Костески и Влатко Митков одново режираа победа на својот Холабрун во австриската втора лига.

Тимот на македонските ракометни интернационалци со убедливи 25-18 славеше на дуелот со Тулн и обезбеди плеј-оф за пласман во елитата, а токму Митков и Костески ја имаа атракцијата на натпреварот. Поискусниот асистираше, а Костески со „цепелин“ ја смести топката во противничката мрежа.

  • Атрактивниот „цепелин“ на Митков и Костески:

Костески беше најефикасен во дресот на Холабрун, завршувајќи го натпреварот со осум погодоци.