Митков и Арнаудовски дел од ракометниот „Ол-Стар“ на Австрија!

Влатко Митков и Ристо Арнаудовски, македонските репрезентативци кои ги бранат боите на австриски  Кремс и Ферлах и официјално ќе бидат дел од овогодишниот „Ол-Стар“ натпревар на оваа земја. 

Ревијалниот натпревар, кој ќе се одигра на 14 март, ќе биде меѓу најдобрите ракометари од домашниот шампионат, во кои се двајцата македонски репрезентативци против идните австриски ѕвезди. 

Во изборот на овој „Ол-Стар“ натпревар учествуваа над 16.000 фанови на австрискиот ракомет, а нашите репрезентативци ќе имаа по три конкуренти на својата позиција.