Митков експлодира како некогаш, му даде осум гола на австрискиот лидер

Влатко Митков не застанува со одличните партии во австрискиот шампионат, откако синоќа беше најдобриот поединец во редовите на својот Брегенц во дербито на колото против Фиверс.

Иако лидерот на табелата беше голем фаворит, искусниот Митков не дозволи пораз пред својата публика и го водеше Брегенц до голем бод од овој натпревар, кој заврши со резултат од 28-28. 

Поранешниот македонски репрезентативен бек натпреварот го заврши со осум погодоци, додека кај домашниот тим солиден беше и Бабарскас со шест.

Со овој бод Брегенц ги сочува шансите за плеј-оф во домашниот шампионат и сега со 14 бода е на шестата позиција, додека Фиверс останува лидер со 12 победи едно реми и три порази.