Митков „бомбардира“ во Австрија - со седум гола го водеше Брегенц до нова победа

37-годишниот Влатко Митков продолжува да игра во голема форма и уште еднаш оваа сезона беше лидер на Брегенц, откако синоќа неговиот тим славеше победа кај Фиверс Маргаретен со 23-28 (11-14).

Во главна улога кај тимот на Брегенц беше поранешниот македонски репрезентативец, кој на натпреварот беше најдобар стрелец  со седум постигнати голови, а со тоа му го олесни патот до победата на својот тим.

Брегенц по 10 кола има 13 бода, што е доволно за третото место на табелата. Следен предизвик за тимот на Брегенц ќе биде мечот од Челенџ Купот против грчки АЕК.