Митков блесна со осум гола, Крстевски и Костески запишаа победа со Линц

Влатко Митков продолжува со одличните партии во австрискиот шампионат, додека во првото коло во новата година солиден учинок имаа и Никола Костески и Горан Крстевски.

Поранешниот десен бек на Македонија беше незадржлив за Ремус, даде осум гола од десет обиди, но недоволни за победа на неговиот Брегенц. Ремус по фантастично второ полувреме на крај славеше со 29-25.

Помладите Македонци кои настапуваат во Австрија, синоќа запишаа победа со Линц над Грац од 27-25. Крилото Костески реализира четири гола, додека поранешниот член на Еурофарм Пелистер, Крстевски постигна два гола.

Во следното коло ќе гледаме македонско дерби, затоа што Митков и Брегенец ќе го пречекаат тимот на Линц.