Митев остана скромен: Без тимот немаше да направам гол-серија

Марко Митев како среден бек беше одличен против Турција. Врза четири гола во серија во вториот дел, заврши со 5/5 и го донесе триумфот на „црвено-жолтите“ во последниот меч од квалификациите за ЕП 2024.

По мечот, Митев беше скромен. Ѝ честита на екипата за прикажаното и кажа дека без своите соиграчи тој немало да може да ја изгради таа серија која ја вивна Македонија кон победата.

„Играта беше на високо ниво, Турција покажа квалитет. Јас сум задоволен затоа што на крајот одигравме тимски и го испочитувавме Георгиевски за крај. Головите кои ги дадов во серија ги дадов заради екипата, моите соиграчи се заслужни за тоа и среќен сум затоа што победивме како тим“, изјави Митев.

Македонија во квалификациите за ЕП 2024 заврши како второпласирана на табелата, зад лидерот Португалија.