• Мартин Танасковски
По натпреварот меѓу Војводина и Алкалоид во Нови Сад (29-34), во име на македонскиот ракометен вицепрвак говореше и Марко Митев кој истакна дека мора да се игра максимално ангажирано во вакви средби ако се сака резултати.
„Ова беше одличен натпревар за двете екипи. Ние ги пропуштивме нашите шанси на овој меч, меѓутоа игравме против силен и квалитетен противник и од вакви натпревари и екипи можеме само да научиме и да собереме искуство. Мора да се подобриме, да бидеме посконцентрирани, ако сакаме во иднина да имаме резултати и против поискусни екипи од нас“, изјави Митев.
РК Алкалоид за крај на групната фаза во дебитантската сезона во Европската лига на ЕХФ го чека домашен натпревар против шпанска Логроњо Ла Риоха, против која на гости го освоивме првиот европски бод.