Митев: Минавме долг и тежок пат, Алкалоид оди по нов историски успех

Репрезентативецот и член на Алкалоид, Дамјан Митев, го најави претстојниот прв финален натпревар против АЕК од Атина, изјавувајќи дека сите во тимот се фокусирани на испишување нова успешна страница во клупската историја. 

„Сините“ ќе имаат тешко гостување во грчката престолнина, но Митев смета дека тимот е доволно мотивиран за успешно претставување на македонскиот ракомет. 

„Поминавме тежок пат, но доаѓаме до момент кога можеме да испишеме историја на клубот и да го освоиме пехарот во ЕХФ Европскиот Куп. Првиот меч го играме на гостински терен и ќе биде клучно да бидеме максимално фокусирани.

Се подготовуваме за противникот имаме имаме квалитет, можеме да ја оствариме целта. Во финалната серија влегуваме по успешен настап со репрезентацијата.

Тоа секако позитивно влијае врз самодовербата и ќе биде мотивирачки момент и за престојните натпревари со АЕК во финалето“, изјави Дамјан Митев.

Алкалоид ќе се сретне со АЕК во Атина на 18 мај со почеток во 18:00 часот. Реваншот во Скопје ќе се одигра седум дена подоцна.