Митев: Игравме тимски и борбено, задоволен сум од мојот тим

Марко Митев имаше одличен натпревар за Бутел Скопје, но не успеа да го круниса со победа. Еурофарм Пелистер дојде до триумф над бутелчани (21-25) и се пласира во финалето. Македонскиот репрезентативец му честита на ривалот, а од неговиот тим е задоволен.

„Пред се, ова беше одличен натпревар. Двете екипи одиграа на ниво. Ние дојдовме да се надигруваме, тие беа фаворити. Пробавме да ги победиме, но не успеавме. Задоволен сум од прикажаното, игравме тимски, се боревме и се поддржувавме еден со друг“, изјави Митев по натпреварот.

Бутел Скопје го чека борбата на домашна сцена за европските места. До крајот на шампионатот има уште две кола.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија