• Горан Упале
Марко Митев го одигра својот најдобар натпревар во дресот на Македонија. Средниот бек беше една од водечките алки во епскиот кам-бек на нашата селекција против Фарски Острови и пласманот на ново Светско првенство.
По натпреварот во Скопје и победата од 34-26, Митев истакна дека е горд што е Македонец.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа денес да нè поддржуваат. Горд сум што сум Македонец, треба да славиме, вакво нешто не се случило досега.
Првиот натпревар не бевме многу фокусирани, влеговме опуштено, но на реваншот многу работи се променија, а публиката ни даваше дополнителна мотивација. Ова беше мојот најважен натпревар во репрезентацијата. Не беше лесно да се игра против така квалитетна селекција, која што е во раст, а и ќе продолжи да расте во иднина“, рече Митев.
Токму младиот ас на Алкалоид беше ракометарот кој што ги постигна двата најатрактивни голови на овој натпревар. Првиот со цепелин, а вториот во клучен момент кога се кршеше резултатот