• Мартин Танасковски
![](https://cdn.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/09/04/mak-rakomet-superkup-eurofarm-pelister-alkaloid-09042024-10.jpg?itok=5YsDsi7G)
Марко Митев е мозокот на тимот на Алкалоид и на репрезентацијата на Македонија. Своите квалитети ги покажа во Суперкупот против Еурофарм Пелистер, а еден од головите кои ги даде на мечот беше страшен.
Изведе еден „лажен шут“ и ги изигра дефанзивните играчи на Еурофарм Пелистер, меѓу нив и главното засилување Илија Абутовиќ и повратникот Усама Хосни. Потоа влезе кон голот, изведе ролинг, па погоди во мрежата на актуелниот македонски првак.
Страшен гол, мора да се признае. Марко Митев е „ракометниот Моцарт“ во Македонија.