Мишевски: Охрид е добро покриен на сите позиции, посебно да внимаваме на Бојаниќ

По една седмина пауза од домашен ракомет поради ЕХФ репрезентативната недела, ракометарите на Вардар повторно се враќаат кон своите обврски. Почнува одбраната на Купот што лани го освоија „црвено-црните“.

Овој викенд во СЦ „Јане Сандански“ е домаќин на четвртфиналана група од Купот на Македонија, каде покрај Вардар 1961, ќе настапат уште и екипите на Охрид, Јуниор Кисела Вода и Скопје. Во полуфиналето Вардар в сабота од 17:00 часот се среќава со Охрид, а победникот од тој натпревар ќе игра со победникот од средбата меѓу Јуниор КВ и Скопје.

Вардарци сезонава трипати играва со Охрид во првенството и трипати победија. Последниот натпревар двете екипи го одиграа на 18 февруари во Охрид и скопјани победија со 25-23..Во ноември во Скопјe, фаворитот триумфиравш со 32-25, исто како и на почетокот на сезоната во октомври кога резултатот гласеше 27-22.

На патот до Ф4 турнирот од Купот, Вардар на почетокот на декември лани го победи тимот на Мулти Есенс со 43-18.

„Мотивацијата за секој меч е висока. Одиме на победа без разлика на каков меч играме. Се измачивме во Охрид на претходниот дуел. Квалитетен тим се. Имаат некои нови играчи, но нема со што да не изнанадат, Знаеме каков им е квалитетот. Да го потенцирам пивотот Бојаниќ кој даде добри партии со нас, но сега и бековите одиграа добар меч. Сите позиции им се добро покриени. Нема посебен играч што се двои.

Ние со наша одбрана и контра и полуконтра ќе успееме да триумфираме“, рече повремениот репрезентативец на Македонија, Марко Мишевски. 

Вардар има петнаесет Куп-титули, а го брани трофејот и од минатата сезона.

Влезот во салата во малата сала СЦ „Јане Сандански“ за натпреварите од Купот се бесплатни.