Миркуловски за неколку дена ќе добие нова улога во Вецлар

Миркуловски

По пет години соработка, Фили Миркуловски и Вецлар ќе ја „завршат“ соработката ова лето. Но, тоа нема да биде последното нешто што македонскиот интернационалец ќе го направи за бундеслигашот.

Од 1 јули, кога му завршува активнот договор, тој ќе продолжи да работи како асистент на првиот тренер. Тоа значи дека првите пензионерски денови за средниот бек ќе продолжат во клубот во кој што ќе стави крај на кариерата.

Пред две години Миркуловски стави потпис на договор со Вецлар, клуб со кој се обврза во првата година да биде асистент и играч кога ќе биде потребно, а втората само помошник на тренерот.

Моментално нашиот ракометар е во Македонија, а се очекува да му се приклучи на тимот на 16 јули, кога официјално ќе започнат подготовките за новата сезона.