Миркуловски стрелаше еднаш во тесната победа на Вецлар против Лајпциг

Миркуловски

Вецлар го искористи домашниот терен и славеше во вториот сезонски дуел со Лајпциг (23-22), запишувајќи ја седмата победа во домашното првенство.

Променливата форма на екипата каде што настапува Филип Миркуловски во новата сезона му донесе место во долниот дел од табелата на Бундеслигата. Како и на првиот меч, Вецлар ја имаше иницијативата и го контролираше резултатот. Предноста од два гола беше најчеста појава на семафорот, што носеше неизвесност до последните моменти од натпреварот.

Резултатот 22-21 на три минути до крајот донесе трилер завршница, а гостите во обид да направат пресврт напаѓаа со седум ракометари, односно играа без голман. Домашниот тим остана и со играч помалку во завршницата, но и тоа не беше проблем да се задржи предноста и да се обезбедат бодовите.

Миркуловски погоди еднаш и запиша една асистенција, а најефикасен на теренот беа Вајсмач и Рубин со по пет погодоци.