Миркуловски солиден, Вецлар презимува како петти во Бундеслигата

Миркуловски во дресот на Вецлар

Во третиот, и за денес последнен, натпревар од 20. коло во германското ракометно првенство Вецлар на Филип Миркуловски оствари убедлива победа против Либек со 33-24.

Македонскиот интернационалец постигна два гола, а имаше и една асистенција. Полесно од предвиденото „зелените“ стекнаа предност од 5,6 гола и на одмор заминаа со 18-12. Во продолжението само ја одржуваа и зголемуваа предноста. Блескаше Холст со 10 погодоци.

Овој триумф на Вецлар му го носи петттото место барем до утрешните мечеви, што е постигнување подобро од планираното на почетокот на сезоната.