Миркуловски со гол и три асистенции, Вецлар прокнижи нова Бундес-победа

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски и неговиот Вецлар успеаја да запишат нова победа во германската Бундеслига и да направат чекор напред на табелата во германската елита.

Вецлар на домашен терен славеше над една од екипите која се бори за опстанок, Гумерсбах, со 30-23 (15-9). Уште од стартот на натпреварот домашните наметнаа темпо и му дадоа до знаење на ривалот дека само победа е императив на оваа средба.

Учинок во триумфот имаше нашиот ракометар Миркуловски, кој еднаш се запиша во листата на стрелците од два шута и подели три асистенции. Најдобар беше Холст со девет гола, а Чавор постигна осум, додека кај Гумерсбах прво име беше Зомер.

Вецлар е на 12. место во Бундеслигата, а во наредната рунда ќе биде домаќин на фаворитот Кил.