Миркуловски слави голема победа, Вецлар го прекина постот против Рајн Некар Левен

Вецлар

По подолго време Вецлар се израдува на победа во Бундеслигата и на домашен терен го совлада големиот фаворит Рајн Некар Левен (34-32) во 24. коло.

Тимот на Филип Миркуловски одигра исклучително добро во првиот дел, кога ја направи клучната разлика. Со 18 гола во гостинската мрежа домашната екипа покажа дека е подготвен да ги изненади „лавовите“.

Рајн Некар Левен долго време притискаше, но не успеа во ниту еден момент целосно да се врати во игра за бодовите. Голот на Висбергер за 34-29 беше одлучувачки во завршните моменти, кога домаќинот успеа да направи недостижна залиха.

Најефикасни на теренот беа Рубин со осум погодоци за домашната екипа, а шест гола за РНЛ постигна Лагергрен.

Ова беше прва победа за Вецлар во дуелите со денешниот противник по четири години пауза.